Македонија 07. март 2019. / 15:59

Ласовска: Има сомнежи за уште едно мешање на политикaта во работата на независните институции

Ласовска: Има сомнежи за уште едно мешање на политикaта во работата на независните институции

На денешната собраниска седница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска побара од пратениците на СДСМ и нивната коалиција да кажат пред граѓаните дали ги имаат дописите од Венецијанската Комисија кои што упатуваа на силни критики за предвременото менување за оваа комисија.

Силните критики на Венецијанската Комисија како и на други европски организации кои остро застануваат против одредбата за предвремен прекин на мандатот на ова тело, две години порано, што е причина за силен сомнеж, стои во мислењето на Венецијанската Комисија, истакна пратеничната Ласовска.

Таа додаде дека постои силен сомнеж за уште едно мешање на политикaта во работата на независните институции.

Во ваков случај Венецијанската Комисија констатира дека во нацрт законот за спречување на заштита од дискриминација, нема доволно заштитни механизми со кои се обезбедува вистинска независнот на комисијата, особено за избор и разрешување на членовите на Комисијата, додаде Ласовска.