На 117 седницата на Собранието на која се расправа за интерпелацијата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска им реплицираше на пратениците на власта, кажувајќи им да му изградат споменик на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
–Слушам тука во собранието како со восхитување зборувате за Ципрас, еве јас ви предлагам да му изградите споменик, реплицираше Ласовска.