Маригона Марку е избрана за македонски амбасадор во САД. Родена е во Дебар, а во минатото работела во Министерството за надворешни работи на Македонија, пишува порталот на албански јазик „Лајм“.
Колку за информација, во 2011 година, по повод годишнината од Министерството за надворешни работи на Македонија, Маригона Марку, која во тоа време работеше во Дирекцијата за меѓународно право, ја доби традиционалната награда за најдобар дипломат на годината, која секоја година се доделува од страна на Министерството за надворешни работи.