Македонија 21. октомври 2018. / 21:46

Курир: Две возила од Косово полни со оружје влегле во Македонија – МВР знае, но молчи

Курир: Две возила од Косово полни со оружје влегле во Македонија – МВР знае, но молчи

Во петокот вечерта две возила со косовски регистерски таблички полни со оружје (автоматски пушки и пиштоли) со различен калибар, ја преминале границата со Македонија, пишува Курир.

Како што неофицијално дознава Курир, кај селото Глуво (скопска Црна Гора), дошло до голем инцидент, каде бил претепано и едно лице. Селаните ја информирале и полицијата.

-На лице место пристигнаа полицајци со униформа кои ништо не направија иако го видоа оружјето. По некое време дојдоа и од Единицата Алфи кои, како што викаа, по наредба на висок функционер не смееле да реагираат, велат очевидци на настанот за Курир.

Редакцијата на Курир се обидува да добие официјална потврда за настанот од МВР за што дополнително ќе информираме, пишува Курир.