Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека во кумановската болница денеска увид направил државниот секретар во министерството за здравство и претседателот на Комисијата за заразни болести, со цел да се органзира работата во оној дел дел каде има што има дијагностирирани нови заразени вработени, а кои биле во самоизолација.
Филипче притоа информира дека е напревен целосен распоред и оти болницата во Куманово во претстојниот период ќе биде целосно функционална, а ако има потреба од растеретување на болницата поради зголемен број на пациенти, тие ќе бидат упатувани во институциите во Скопје.