Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 21 новозаболено лице од Ковид-19.
Како што соопштија надлежните од јавната здравствена установа, од заразените, 13 се од Куманово, а осум се од општина Липково.
Ова е првпат по подолг период Центарот да регистрира двоцифрен број на заболени.
Заболените имале контакти со веќе потврдени случаи. Ги следиме нивните контакти – вели директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Според податоците на Министерството за здравство, од почетокот на епидемијата на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, дијагностицирани со Ковид-19 се 933 лица, од кои во моментов активни се 247 случаи.