Концентрациите на ПМ10 честичките синоќа во Куманово беа неколку пати повисоки во однос на дозволените гранични вредности, граѓаните реагираа на социјалните мрежи и бараа надлежните да преземат итни мерки за намалување на аерозагадувањето.
Според податоците на мерната станица и апликациите за мерење на квалитетот на воздухот, Куманово вчера од 18:00 часот, се до полноќ беше најзагаден град во државата. Мерната станица и апликацијата „Мој возух“ во повеќе наврати покажаа надминување на граничните вредности на ПМ10 честичките неколку пати повисоко од граничните вредности, особено во централното градско подрачје во реоот помеѓу двата булевари „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“.
Општина Куманово претходно донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој опфаќа садење садници, аеросолизација, повеќе краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, меѓу кои клучна е гасификацијата.