Македонија 18. април 2020. / 19:08

Куманово останува на барањето за воведување 14-дневен карантин

Куманово останува на барањето за воведување 14-дневен карантин

Кумановскиот кризен штаб останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии кои изминатиов период ги упатува кон Владата, државните институции и комисии, објави Општина Куманово, за 14- дневен контролиран карантин и воведување кризна состојба во Општината.

Штабот на денешната седница одговорил позитивно на барањето на Општина Липково за помош во спроведувањето на дезинфекција на територијата на таа општина. Од штабот и препорачуваат на „Чистота и Зеленило“ да организира дезинфекција со амортизери во соработка со штабот на Липково и да се изврши дезинфекција на јавните прометни површини согласно динамичниот план.

„Чистота и Зеленило“ ќе им отстапи на времено користење пет моторни пумпи за дезинфекција и ќе ги обучи тимовите за ракување и дезинфекција.

– Штабот стои на располагање на Општина Липково и останатите општини во регионот за соработка и споделување на взаемната помош во борба против епидемијата со Ковид 19,  се вели во објавата.

Штабот ја задолжи ЈП „Чистота и зеленило“ да ја реорганизира својата активност по заклучоците на штабот, да продолжи со непречена дезинфекција на територија на Општина Куманово и непречено вршење на нејзината основна функција, износ на комунален отпад.