Советот на Општина Куманово денеска во 13 часот ќе има седница на која ќе ја разгледува точката за прогласување на ден на жалост во Општината, по трагедијата во Романовце, кога во експлозија на плинска боца загинаа четири лица, а петмина се борат за живот.
Се очекува точката да помине едногласно, и утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост.