Македонија 24. март 2020. / 14:13

Куманово бара целосен карантин, тестирање на медицинарите и дислокација на бегалците

Куманово бара целосен карантин, тестирање на медицинарите и дислокација на бегалците

Куманово да се стави во целосен карантин. Да се тестираат сите здравствени работници на територијата на општината. Бегалците од Табановце да се дислоцираат. Ова се дел од барањата испратени денеска до Владата, а кои беа донесени по состанокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово.

Пред два дена, жена на возраст од 57 години од овој град е првиот смртен случај од корона вирус во Македонија.

Бараат од Комисијата за заразни болести да изврши тестирање на сите здравствени работници во Куманово и да се продолжи со континуирано тестирање на граѓаните на територијата на општината. Владата да донесе итна одлука Куманово да се стави во целосен карантин.

Бараат и дислокација на на осумдесет и еден бегалец од Табановце, кои повеќе од дваесет дена се наоѓаат во кампот.

Упатени се и задолженија ЈП Чистота и зеленило Куманово да продолжи со континуирана дезинфекција на станбени објекти за колективно домување и на јавно-прометните површини.

Упатија и апел до граѓаните да го почитуваат полицискиот час и препораките на Владата и да го намалат своето излегување и напуштањето на домовите да го сведат на минимум.