Македонија 25. јуни 2020. / 13:57

Културните настани се можни и во време на пандемија: Наскоро враќање на концертите и фестивалите

Културните настани се можни и во време на пандемија: Наскоро враќање на концертите и фестивалите

Одржувањето културни настани, концерти или фестивали е возможно и во време на пандемија, доколку има одредено строго утврдени протоколи за заштита на присутите.

Ваква е пораката што преставници од Здружението на културни работници ја испратија до Владина делегација составена од неколку министри. Истовремено од Здружението изразуваат подготвеност преку кампањи за подигање на јавната свест да ги информираат граѓаните за условите под кои би се одржувале настаните.

На ваквата иницијатива, Уметиците добиле ветување дека нивните барања ќе бидат разгледани и ќе биде постапено во согласност со мислењата и препораките што ги дава Комисијата за заразни болести.