Македонија 27. јуни 2018. / 11:56

Кукан и честита на Македонија за добивањето условен датум за почеток на преговорите

Кукан и честита на Македонија за добивањето условен датум за почеток на преговорите

Европратеникот Едуард Кукан ја поздрави одлуката на Советот за општи работи на ЕУ, и им честита на Македонија и Албанија за добивањето на условен датум за почеток на преговорите.

„Двете земји заслужуваат јасна порака за почеток на пристапните преговори. На двете земји им е дадена една година за да дојдат на преговарачката маса, што е одраз на внатрешната дебата во Советот за процесот на проширување на ЕУ. Целосно ги поддржувам Албанија и Македонија во овој процес и верувам во нивната посветеност на реформската агенда. Очекувам да соработувам со нашите партнери во наредните месеци и подготвен сум да одам со нив по патот на пристапните преговори“, пишува во писмената изјава на европратеникот Кукан.