Македонија 11. декември 2020. / 15:36

Крушево отвора пункт за тестирање на коронавирусот

Крушево отвора пункт за тестирање на коронавирусот

Министерство за здравството обезбеди брзи тестови во здравствениот дом во Крушево, кадешто ќе се започне со тестирање за Ковид-19.

Од крушевскиот Здравствен дом денеска информираат дека наскоро ќе започне тестирање, а граѓаните ќе може да закажуваат преку „Мој термин” кај матичните лекари.

За градоначалникот на Крушево Томе Христоски ова е уште еден важен чекор за справување со вирусот.

-Со ова сите граѓани на Крушево ќе имаат термини за тестирање и нема да мора да одат во соседните општини за да се тестираат. Овој чекор сериозно ќе ја олесни работата на матичните лекари, на Здравствениот дом и ќе им се олесни на граѓаните во тие тешки моменти кога се сомневаат и покажуваат симптоми и се упатуваат од матичните на тестирање, вели Христоски.

Во Крушево се активни 74, а од почетокот на пандемијата се регистрирани 149 случаи со корона-вирусот.