Македонија 11. март 2020. / 23:03

Кршење на владините мерки: Поделени откази за мајки што побарале денови за да бидат со децата

Кршење на владините мерки: Поделени откази за мајки што побарале денови за да бидат со децата

Некои фирми не ги почитуваат одлуките на владата донесени во обид да се спречи ширењето на корона вирусот.

Како што објави адвокатката Весна Богова на својот Фејсбук профил, некои мајките коишто барале слободни денови, што им следуваат според законот за да бидат дома со малолетните деца поради изречените мерки од страна на Владата за заштита од коронавирусот, добиле откази.

ПРВИТЕ ОТКАЗИ ОД РАБОТА ПОРАДИ КОРОНА МЕРКИТЕ
Утрово, прв ден од спроведувањето на Владините вонредни мерки против корона вирусот, паднаа првите откази од работа т.е. принуди врз текстилните работички да потпишат спогодбен престанок на работен однос.
Со тоа работодавците директно ја кршат Владината мерка, поточно одредбата “За да ги чуваат децата дома, платено отсуство и во државно и во приватно ќе добие по еден родител на помали од десет години.„
Секој избркан од работа по тој основ, како и оние кои патпишале сподоба за престанок на работен однос под принуда од работодавецот, да побараат помош од:
-ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД дежурен телефон: 151 31 и телефон: 02 3224504
-НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ телефон: 02 3129335
-ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА Р.С.МАКЕДОНИЈА телефон: 02 3230214 ; 02 3230217 ; 02 3229351 – напиша Богова.