Македонија 23. јуни 2020. / 13:58

Кризниот штаб одобрува безусловно отворање на границите

Кризниот штаб одобрува безусловно отворање на границите

Централниот кризен штаб го одобри предлогот за безусловно отворање на границите. Сепак, последниот збор во врска со отворањето на границите го има Владата, објави „Алсат“.

На редовната владина седница денеска ќе се разговара за можноста за отворање на границите без ограничувања, односно укинување на обврската при влез во земјава да се достави негативен ПЦР тест и да се остане 14 дена во самоизолација.