Македонија 21. април 2020. / 15:23

Кризниот штаб ја задолжи Општина Куманово да обезбеди маски и бесплатно да ги дели

Кризниот штаб ја задолжи Општина Куманово да обезбеди маски и бесплатно да ги дели

Кризниот штаб на Куманово ја задолжи Општината да обезбеди дополнителни количества маски, кои преку штабот бесплатно ќе се делат на граѓаните на повеќе пунктови.

Ова е еден од заклучоците од денешната седница на штабот, кој и препорача на Општината да обезбеди дополнителен број на луѓе, вработени од општинската администрација, за потребите на штабот кои ќе работат на дистрибуција на прехранбени пакети за социјално ранливите категории граѓани.

Од штабот и денеска апелираа до кумановци да се придржуваат кон мерките, препораките на Владата и Министерството за здравство , да се однесуваат одговорни и кон себе и кон другите.

– Штабот останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата на РСМ и сите други државни институции и комисии- се наведува во соопштението.