Македонија 21. јуни 2018. / 20:58

Кривичен Суд: Утре ќе дознаеме дали ќе има судење за настаните на 27 Април 2017

Кривичен Суд: Утре ќе дознаеме дали ќе има судење за настаните на 27 Април 2017

Утре на 22 Јуни 2018, Кривичниот Суд ќе соопшти, дали за прв пат во историјата на парламентарната демократија  во земјава,  ќе им се суди на петмината пратеници и поранешниот  министер за внатрешни Митко Чавков за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

По речиси три месеци откако беше  поднесено обвинението, тричлен совет денеска заседавал зад затворени врати. „Имаше седница на која се разгледуваа приговорите за обвинението, но додека не биде изготвена и испратена до странките, нема да биде објавена одлуката“, вели  Иван Џолев – претседател на Кривичниот Суд

Адвокатите велат дека побарале рочиште, за и тие да присуствуваат  пред одлучувањето по приговорите, но седницата се одвиваше зад затворени врати, а се анализирале аргументите од обвинетите, зошто не треба да им се суди за крвавиот четврток. Во овој предметот обвинети се 35 лица,  вклучувајки и началници, луѓе од собраниското обезбедување, но и учесници во насилните протести од 27 април. Обвинети се и режисерот Борис Дамовски, оперскиот пејач Игор Дурловски,  како и блогерот Богдан Илиевски-Бетмен.