Македонија 24. февруари 2020. / 11:17

Критична е состојбата на тројцата хоспитализирани на КАРИЛ по експлозијата во Романовце

Критична е состојбата на тројцата хоспитализирани на КАРИЛ по експлозијата во Романовце

Две жени на 35 и 50-годишна возраст како и маж на 65 години се во критична состојба и на апарати за дишење на КАРИЛ.

Според директорот на ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани, пациентите имаат тешки изгореници и од над 85% од телото.

Направена им е интубација и дишат со помош на маханичка вентилација.

Во вчерашниот пожар во Романовце загинаа 4 лица, меѓу кои и три деца.