Македонија 22. јули 2020. / 19:54

Крешник Бектеши позитивен на коронавирус

Крешник Бектеши позитивен на коронавирус

Министерот за економија во македонската Влада, Крешник Бектеши, информира дека е позитивен на коронавирус.

Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на КОВИД-19 тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за КОВИД-19.

Ве повикувам сите да се придржувате кон протоколите и мерките за заштита, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!

Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик!

Здравје и среќа за сите“-напиша тој на својот Фејсбук профил!