Вирусот корона се шири толку многу што сега практично секој знае некој кој или е заразен или веќе бил заразен со Ковид-19. Ризикот од потенцијална инфекција е на секој чекор, но некои работни места по природа се повеќе изложени на опасност. Тоа се, според проценките, фабрики, продавници и услужни активности, покрај болниците и домовите за стари лица.
Всушност, како што објаснуваат експертите, највисоко ниво на потенцијална инфекција е на места каде што работниците се насочени едни кон други во работните процеси, во колективите каде бројот на вработени кои се во исто време не може да се намали, како и во услужните индустрии каде има голема циркулација на луѓе.
Фабрики
Како што објаснуват експеерите во многу фабрички сали е невозможно да се направи потребното растојание, барем не онолку колку што се препорачува, бидејќи работните машини не можат да се движат на тој начин. Најголемите инфекции се наоѓаат на тие места, бидејќи работниците се едноставно „врзани едни со други“ во производствениот процес.
Ресторани, кафулиња, продавници
Од почетокот на пандемијата, епидемиолозите посочуваат дека најголемото жариште на пренос на вируси е таму каде што има голема група млади луѓе, односно во кафулиња, барови и клубови.
Како што наведоа, често овие млади луѓе немаат никакви симптоми, а можеби и тие можат несвесно да заразат некого. Практично се во опасност, не само гости кои ги посетуваат ваквите места, туку пред се оние кои им служат, имајќи предвид со колку потенцијално заразени и асимптоматски луѓе доаѓаат во контакт.
Канцеларии, „отворен простор“
Затворен простор, помали канцеларии, но и таканаречениот „отворен простор“ можат да бидат големи жаришта, особено ако нема природна вентилација и ако климатизацијата се грее.
Во овој поглед, бутиците, трговските центри, продавниците, доколку не се следат мерките, можат да бидат погодна основа за ширење на вирусот.