Македонија 25. јануари 2021. / 11:58

Ковачки: Шекеринска и Пендаровски сѐ уште молчат за скандалот за испраќање кандидати во НАТО

Ковачки: Шекеринска и Пендаровски сѐ уште молчат за скандалот за испраќање кандидати во НАТО

Драган Ковачки, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во утринската на телевизија Алфа зборуваше за кандидатите од државата кои не ги поминаа безбедносните филтри за НАТО, а претседателот на државата, Стево Пендаровски и министерката за одбрана, Радмила Шекерински не објаснија каде е целиот проблем. Ковачки посочи дека ова претставува голем меѓународен и дипломатски скандал.

– На неколку прес конференции јас и мојата партија ги повикавме Шекеринска и Пендаровски да излезат пред македонската јавност и да образложат каде е погрешена процедурата. Дали прво имало процедура за избор на кандидати и испраќање на кандидати во седиштето на НАТО и кој ја прекршил таа процедура, ако воопшто постоела? Голем меѓународен скандал и дипломатски скандал може слободно да се каже дека Македонија веќе две и пол години нема претставник во алијансата. Ние сме членка на НАТО, а веќе генерации работат на тоа зачленување и работеа на тоа зачленува уште од моментот во партнерство и мир и така натаму, генерации на политичари, на воени лица кои имаат допринесено за зачленување на НАТО и некои загинаа и во мисија, рече тој.

Понатаму Ковачки укажа дека неколку пати е повикана Шекеринска да го образложи сето ова, но сеуште има молк од нејзината страна.

– Јас во неколку наврати ја повикавав министерката да излезе и да образложи зошто тоа го има направено. Знаете кога некој молчи толку време се поставува прашањето која е намерата, дали имало намера тоа да се направи. Многу е сериозно кога некој ќе пратите и многу е неодговорно да му се извади името на кандидатот како што тоа го направија они. Јас не сакам да го споменам името од почит спрема него и после тоа се случи да НАТО не ја прифати неговата номинација. такво нешто е недозволено во меѓународните односи. Вие ја срамите државата, го срамите и лицето и ги срамите институциите каде што сте го номинирале тоа лице. Многу неубава слика се создава за државата однадвор, додаде Ковачки.