„Па, да бидам малку шеговита ние се навежбавме веќе на вакви ситуации и на ваква содржина, иако веќе станавме помудри со оглед дека спомнавте наративот е сменет. Но, тоа не значи дека другите нешта се сменети, рече Наташа Котлар Трајкова при своето гостување во „Што не е јасно“ говорејќи за односите на Македонија со Бугарија.
Намерите се истите, однесувањето е дури исто, и се плашам дека сето она што ние го доживуваме како лошо по однос на националните, државнички интереси дека тоа ќе го доживееме. Котлар Трајкова додаде дека македонската историографија е сериозна историографија, и првото нејзино мото е во историјата нема ни црно, ни бело.
„Независно од она што ни се сервира во етерот ние треба да знаеме кои се нашите национални, државни, па ако сакате и просто човечки интереси“, појаси Котлар Трајкова.
Котлар Трајкова посочи дека се ќе беше добро ако не постоеја одредбите во Договорот со Бугарија, особено оној што е во членот 8. И особено точката два.
„И поради договорот денеска имаме таква ситуација да историска комисија, а да таа комисија да ја запознам јавноста има одвај четворица историчари кои прво не се компетенти за проблемот, а друго и да бидат 400 не можат тоа да го решаваат. Бидејќи историската наука си има сосема свои правила и методи на работа“, рече Котлар Трајкова.