Владата одвои 1,9 милиони евра за реконструкција на Искрин мост на реката Пчиња, рече денеска пратеникот и претседател на Општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.
– Оваа реконструкција опфаќа санација на темелите, санација на столбовите и нивно појачување со нов бетон и арматура, ќе се изврши промена на старите лежишта со нови еластомерни лежишта, а исто така предвидено е и зајакнување на главните и попречните челични носачи, нов асфалтен слој, изведба на нови тротоари, нова еластична ограда и други неопходни градежни активности. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев обезбеди средства во вредност од околу 1,9 милиони евра за оваа реконструкција која е целосно во согласност со европските стандари и квалитети, рече Костовски.
Се работи за голема и обемна реконструкција, додава пратнеикот, која значително ќе ја зголеми безбедноста на овој регионален пат.