Aктивата на база на анализи , севкупната актива ќе ги покрие побарувања на сите доверители, но под услов стечајот да се заврши брзо и да не се разводнува, изјави бизнисменот Трифун Костовски, во вестите на Сител ТВ. Јас не сум имал пари на сметка. Моите пари не ги чував во Банката туку моите пари беа во Банката, вели тој.
“Ова е насилие што се изврши во Еуростандард банка, изјави Костовски.
Со корона вирусот , а пред тоа ни беше одземено правото да работиме со правни и фичики лица, ја дотолчи Банката. Посегнување по Банката е чин или посегнување на одреден група на луѓе.
Никој ( од потенцијалните инвеститори) не бил примен од Народната Банка, тврди Костовски
Тоа се многу лоши игри, со многу трајни последици, затоа по сите експозитури имаше редици и тоа збори за нестабилност на банкарскиот систем. За три ипол милиони евра заглавија луѓе. До кога ќе се толерираат ваквите неправдини, праша Костовски.
Додека ме држи здравјето , ќе се борам за вистината за Еуростандард Банка.
После Ковид 19 , кога немаме Собрание и Влада посегнаа по вакви мерки, тоа некому му одговараше, вели Костовски.
Стечајот во Македонија е шведска маса која никогаш не се завршува, рече на крај Костовски