Македонија 03. септември 2020. / 21:06

Костов: Рушењето на дивоградбата кај „Мавровка“ е политички театар

Костов: Рушењето на дивоградбата кај „Мавровка“ е политички театар

Сето ова е еден политички театар, политичка репресија односно надмоќ. Се вели дека има над 3.500-4.000 дивоградби во Скопје и некаде 900-1.000 во Охрид. Ајде сега да ги рушиме сите. Дали ова ќе биде влада на рушење? Не треба ли да создаваме? Не оправдувам бидејќи три месеци фамозниот сопственик не знаевме кој е“, истакна Сотир Костов говорејќи за рушењето на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“ при своето гостување во „Само Вистина“.

Костов додаде дека сепак сето ова на власта е покажување само надмоќ. Никаде ги нема градоначалниците, институциите сите тие треба да се казнат за оваа дивоградба кај ТЦ „Мавровка“.

Костов исто така нагласи дека рушење ради опомена, рушење ради политички театар НЕ, тоа никако не треба да се случува.