Христијан Мицкоски останува запаметен како неодговорен политичар кој за време на оваа криза цело време се однесува незрело, несериозно и неодговорно. На штета на граѓаните и нивното здравје.На почетокот на кризата Мицкоски го потценуваше и се потсмеваше со заканата од коронавирусот. Потоа лажеше дека немало доволно тестови за корона иако илјадници граѓани се тестираа согласно протоколите. Среде пандемија, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ водеа валкана кампања против Венко Филипче, со лажни вести и неосновани закани со кривични пријави, изјави Костадин Костадинов, портпарол на ВМРО ДПМНЕ
Лажеа дека 140.000 граѓани останале без работа поради коронавирусот иако бројката не надмина 8 илјади граѓани за време на кризата. Додека граѓаните гледаа слики од Мицкоски од теретани и прошетки на Водно, по социјалните мрежи. Денес, Мицкоски прави сè да нема избори, прави сè да ја држи земјата во неизвесност и да создаде политичка криза, само затоа што се плаши од изборно соочување и извесниот пораз од граѓаните. Однесувањето на Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Вада се уште еден доказ зошто се потребни избори и нова политичка влада. За Наќе Отсјај поважно беше да го одбрани неговиот шеф, да снима пропагандни спотови, отколку да ги спроведува мерките и да штити здравјето на граѓаните на тој начин. Јавноста виде како не се спроведуваа контролите, се дозволи кршење на забраните за јавни собири, а полицијата под водство на Чулев воопшто не реагираше. Опструкциите и блокадите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада се потврда дека личните агенди и теснопартиските интереси на Мицкоски за нив се поважни од заштита на здравјето на граѓаните. Таква деструктивност е недозволива! Затоа, почитувани граѓани, изборите се решение, а не проблем. Со ново Собрание и со нова политичка Влада со целосен легитимитет институциите целосно ќе бидат посветени на обезбедување на законите во државата и заштита на здравјето на граѓаните. Особено во период кога се олеснуваат мерките и кога сите треба да се подготвуваме за новиот бран на коронавирусот наесен.Здравјето и живеачката на луѓето се најважни, а затоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем, изјави Костадинов.