Македонија 05. мај 2020. / 15:27

Костадинов: Чулев злоупотребува државни ресурси за сопствена промоција

Костадинов: Чулев злоупотребува државни ресурси за сопствена промоција

Пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов е портпарол на СДСМ, денеска на прес конференција реагираше на вчерашното снимање на видео по повод Денот на полиција, обвинувајќи го министерот за внатрешни, Наќе Чулев, дека во време на вонредна состојба и полициски час министерот повлекол 80 полициски возила и стотици полицајци за да снима спот.

Тој вели дека од една страна ВМРО-ДПМНЕ и министерот Чулев глумат загриженост за здравјето на полицајците, а од друга страна ги ангажираат за пропагандни видеа.

-Наместо полицајците да им бидат на располагање на граѓаните, тие неколку часа биле ставени на располагање на Наќе Отсјај. Тоа е истата режимска матрица на МВРО-ВМРО, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ, рече Костадинов.

Тој додаде дека граѓаните се потсетиле на методите на полициска држава и злоупотребата на полицајците, полициските возила за пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Наќе Отсјај функционира строго по режимската матрица, по стапките на неговите претходници Јанкуловска и Чавков, злоупотребува државни ресурси за сопствена промоција. Наќе Отсјај должи одговори на граѓаните колку чини и со чии пари е платено снимањето на неговиот спот? Која продукција и под кои услови е ангажирана за исполнување на овој мерак на Наќе Отсјај? ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски остануваат деструктивни и крајно неодговорно се однесуваат во време на целата здравствената криза. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Последен доказ за тоа е вчерашното однесување на Наќе Отсјај, изјави Костадинов.

Портпаролот на СДСМ порача дека граѓаните ќе го казнат ваквото неодговорно, несериозно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.