Косовскиот министер за здравство Арменд Земај побара Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни ПЦР тестови за влез на граѓаните од Косово во земјата.
Земај на Фејсбук напиша дека одлуката на македонската Влада им штети на косовските граѓани и на бизнисот.
Тој додаде дека побарал од Амбаса на Косово во Македонија да ги контактира властите за изнаоѓање на решение.