Македонија 07. јуни 2020. / 13:57

Коронавирусот не запира, но факултетите ќе ги наполнат амфитеатрите со студенти за да полагаат испити

Коронавирусот не запира, но факултетите ќе ги наполнат амфитеатрите со студенти за да полагаат испити

Неделава амфитеатрите ќе се наполнат и студентите со физичко присуство ќе ги полагаат испитите, дознава ,,Слободен печат” од загрижени студенти. Од понеделник веќе се закажани писмени испити на повеќе факултети, на кои се пријавени и по 150 студенти. Бидејќи становите им се откажани, а студентите не можат да престојуваат во студентските домови, единственото што им преостанува е да допатуваат во главниот град и лично да се појават собрани од сите градови ширум земјава.

Има дури и студенти на кои од среда им се закажани испити по епидемиологија. И на Машинскиот факултет беа закажани испити за неделава со пријавени по 90, па и 110 студенти од предмет, но откако се појавија зголемен број новозаразени со Ковид 19, факултетот реши да ги одложи испитите со физичко присуство за следната недела. Но, на другите факултети, вознемиреноста е голема, зашто, како што велат студенти, сесијата почнува од 8 јуни, со по 40 луѓе во амфитеатар, а онлајн полагање не е обезбедено освен за мал број предмети. Сите други мора да се појават лично.

Целкиот текст можете да го прочитате ТУКА.