Македонија 22. март 2020. / 23:14

Корона во филијалите на Комерцијална банка!

Корона во филијалите на Комерцијална банка!

Прв позитивен случај на корона вирус во Комерцијална банка. Вработен во филијалата во Скопје е позитивен на Ковид-19. Согласно насоките од надлежните институции Банката денеска извршила темелна дезинфекција на сите простории во деловните згради КБ1 и КБ2.

Сите вработени во Банката кои имале непосреден контакт со вработениот кој е позитивен на корона вирус ќе бидат во самоизолација во наредните 15 дена, согласно воспоставената комуникација и добиените насоки од надлежните институции.

Од банката велат дека се преземени сите потребни и дополнитело засилени мерки на заштита и превенција, со што деловните процеси продолжуваат со работа.

Познато е дека парите минуваат низ многу раце и притоа собираат секакви вируси и бактерии. СЗО препорача доколку разменуваме банкноти, пари, треба почесто да ги миеме рацете. Но, ако е можно, подобро е да плаќаме со картички, односно електронски. Минатиот месец банките во Кина и Кореја во обидите за спречување на ширење на корона вирусот почнаа да ги дезинфицираат користените банкноти.