Во моментов се работи на изработување решение коешто ќе бара законска измена со цел да биде продолжено породилното отсуство, затоа што на мајките на кои им завршува во овој момент не може да ги запишат бебињата во градинките.
Како што информира министерот за здравство, Венко Филипче, во врска со тоа имале работни состаноци со претставници на Фондот за здравствено осигурување, а за тоа се дискутирало и на состанокот на Централниот штаб во рамките на Владата.
– Веднаш по изготвувањето на решението ќе го соопштиме на јавноста за да се знае како треба понатаму да се постапува – изјави Филипче.