Македонија 02. април 2020. / 16:48

Корисниците на Македонски телеком ќе добијат сметки по електронски пат

Корисниците на Македонски телеком ќе добијат сметки по електронски пат

Согласно уредбата на Владата за примена на електронски фактури, Македонски телеком ќе избегне изготвување достава на фактури во хартиена форма и ќе поттикне електронско плаќање од дома. 

Од компанијата ги информираат корисниците на мобилни усуги и  „Mагента 1“ пакети, кои немаат активирано е-сметка, дека ќе добијат известување и насоки за преземање на сметката за март преку СМС порака.  Оние корисници, пак, кои имаат активирано e-сметки, ќе продолжат да ги добиваат на истиот начин и во истиот формат и во иднина.

На деловните корисници на мобилни услуги и „Магента 1 бизнис“ пакети, како што наведуваат, е-сметката ќе им бидe доставенa само преку електронска пошта.

 Kорисниците на фиксни услуги и сите останати корисници на Македонски Телеком кои сѐ уште немаат активирано е-сметка, стои во соопштението, може да го направат тоа брзо и едноставно на следниот линк или преку Telekom MK App.

Од компанијата посочуваат дека дигиталното плаќање е од заеднички интерес на сите граѓани, од една страна за заштита на животната средина, од друга како превенција на непосреден контакт и зачувување на здравјето на сите во овие вонредни услови.