Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев во процедурална забелешка побара од Претседателот на Собранието Талат Џафери, пленарната седница за Уставни измени да продолжи и по 18:00 часот.
Талат Џафери го одби и овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на деловникот за работа на Собранието во кој не е предвидено дека по предлог на пратеник може да се продолжи работењето на Собранието.