Македонија 30. јули 2018. / 09:32

Координацијата со Талат Џафери, клучна за донесувањето на референдумот

По редовната понеделничка координативна средба кај спикерот Џафери ќе се знае дали мнозинството ќе одлучи на денешната собраниска седница да биде распишан референдумот. Денеска се очекува и одлуката на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе учествува на собраниската седница.

Се уште е непознато дали лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои изминативе денови телефонски се координира за референдумското прашање успеале да дојдат до некаков компромис.

Последните информации говорат  дека и без  најголемата опозициска партија, парламентарното мнозинство ќе го достави предлогот за распишување на референдумот на 30 септември.

Канал 5 веќе објави дека собраниското мнозинство  ја подготви одлуката за распишување на референдумот, премиерот Заев веќе најави дека референдумското прашање можно е да биде –  Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот за името меѓу Македонија и Грција.

Според  роковите се очекува  референдумот  да се одржи на 30 септември.