Извори од владејачката партија потврдија за Канал 5 дека се собрани потребните 20 потписи за реизборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.
Иако продолжението на седницата беше најавено од страна на Ахмети синоќа, седницата денеска сепак не беше ниту закажана. Неофицијално станува збор за превирања во ДУИ.
Според информации на Лидер.мк, Изет Меџити заедно со уште двајца други пратеници од ДУИ најавиле дека доколку не се исполнат нивните барања да гласаат за новата Влада.
Според најавите по изборот на претседател на Собранието се очекува да се одржи и седницата за избор на новата Влада.