Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) не го прифаќа предлогот за минимална плата за вработените и сметаат дека во моментот тоа ќе биде контрапродуктивно. Тие се надеваат дека Владата нема да го усвои ваквиот предлог и нема да има намалување на платите.
од синдикат велат дека се подготвени да преговараат и бараат да има синдикални претставници при носењето на вакви мерки.
– Како работници сме подготвени да сносиме одговорност во оваа ситуација, но кога е криза сите треба да бидеме рамноправни, а не да се носат мерки на грбот на работниците – вели претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.
КСОМ предлага и бизнисмените кои имаат големи приходи, да донираат дел од средствата затоа што, како што посочуваат, има 250 директори кои земаат плата од по 10 илјади евра.
Од Независниот синдикат на затворската полиција и Независниот синдикат за судската полиција бараат целиот безбедносен сектор да биде изземен од антикризните мерки. Побарале средба кај министерската за правда Рената Дескоска, а доколку таа не ги прими во разумен рок, тогаш за петок најавуваат протест кој, како што велат, ќе биде организиран согласно вонредните мерки.