Македонија 23. април 2018. / 12:11

Конечно: Делницата Демир Капија-Смоквица се пушта во употреба (ФОТО)

Конечно: Делницата Демир Капија-Смоквица се пушта во употреба (ФОТО)

Со свечена церемонија денеска, по шест години изградба, се пушта во употреба делницата Демир Капија-Смоквица на автопатот„Пријателство“.

Изградбата на овој дел од автопатот во должина од 28 километри чинеше 270 милиони евра. Автопатот има два тунела од по 1.200 метри и шест мостови. Изведувач на работите беше грчката компанија „Актор“. Финансирањето и изградабата на автопатот беше проследено со афери, по што се отворени две истраги – една во Грција и една во Македонија.

Сообраќајот по новиот автопат Демир Капија – Смоквица ќе се набљудува од контролен центар кај Неготино.