Македонија 30. април 2020. / 20:42

Компаниите мора да им платат дневница на работниците што ќе работат за 1 Мај

Компаниите мора да им платат дневница на работниците што ќе работат за 1 Мај

Министерството за труд и социјална политика ги потсетува сите компании дека се обрзани да им платата дневница на работиците што ќе работат на празник, односно за 1 Мај – Денот на трудот, кој согласно Законот за празниците е државен празник и е неработен ден за сите вработени.

Министерството за труд и социјална политика потсетува дека работниците кои работат на ден на празник определен со закон, согласно Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата. Согласно Законот, работодавачот е должен за работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот Државен инспекторат за труд – информираат од оваа Министерство.

Секое прекршување на оваа регулативата работниците можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или на мејлот [email protected].