Македонија 26. октомври 2020. / 11:58

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во „8ми Септември“

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во „8ми Септември“

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во болницата 8ми септември каде може да бидат хоспитализирани болните од ковид 19.

Исто така во план е и во Болницата во Козле да се прошират капацитетите и да се отвори нова лабораторија. Утринава се состана кризниот штаб.

„Имавме седница на главниот кризен штаб и сѐ уште немаме нови препораки кои подразбираат порадикални мерки. Но ништо не се исклучува рапидниот број на заразени може да го промени тоа во следните денови“, рече министерот Спасовски.

Од МВР најавуваат дека има засилени полициски контроли од страна на републичката полиција со цел почитување на мерките.