Македонија 12. ноември 2020. / 16:16

Комисијата за заразни болести не одржа состанок и покрај најавата

Комисијата за заразни болести не одржа состанок и покрај најавата

Иако денеска требаше да се одржи состанок на Kомисијата за заразни болести, за да се разгледуваат нови рестриктивни мерки, сепак како што дознава „Фокус“, состанокот е откажан.

Првично членовите на комисијата требало да се состанат во 12 часот, но потоа стигна информација дека состанокот е закажан за во 14 часот, сепак, како што пренесува порталот, останокот воопшто не се одржал.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека засега нема потреба од дополнителни рестрикции како полициски час. Во следните недели очекува резултати да дадат рестриктивните мерки кои сега се на сила, иако, како што изјави, подготвени се да предложат дополнителни рестрикции доколку има потреба од тоа.

Евентуално би можело да се предложи целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд.

– После утринската координација што ја имавме, се уште сметаме дека ова не треба да се препорачува, но ја следиме епидемиолошката ситуација и ќе носиме одлуки доколку треба да се донесат вакви препораки или мерки, нагласи Филипче.