Македонија 14. декември 2020. / 10:05

Комисијата за заразни болести денеска ќе расправа за нови рестриктивни мерки за време на празниците

Комисијата за заразни болести денеска ќе расправа за нови рестриктивни мерки за време на празниците

Комисијата за заразни болести  денеска се очекува да расправа  дали за празниците ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки и промени во однос на работата на угостителските објекти со цел да се спречи натамошно ширење на вирусот Ковид-19.

Независната угостителска комора (НУК) вчера сооопшти дека доставила официјално барање до Комисијата за заразни болести за учество на работниот состанок.

– Со нашето учество бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сака да ги усвои најавените рестриктивни мерки и истовремено да ни дозволи и овозможи пред истите да ги достави до Владата и да ги објави да ни овозможи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија, туку и за сите граѓани на нашата држава, велат од НУК.

Тие побараа наместо по којзнае кој пат повторно да се троши бесполезно време во парцијални и моментални ад хок одлуки за препораки за мерки со кои само ќе се усложни постојната состојба во угостителството без никаков здравствен ефект, Комисијата да ги засука ракавите и да помогнат на угостителите и угостителската индустрија со тоа што времето да го потрошат во изработка на стратешка програма и стратегија со предлог мерки, решенија и т.н. протоколи наменети за целокупната угостителска индустрија за начините на работењето во наредната 2021 година.