Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе предлог претстојниов продолжен викенд да биде воведен полициски час во Скопје, Штип, Куманово со Липково и Тетово. Според предлогот, забраната за движење ќе почне 21 часот во четврток, а ќе трае до понеделник наутро во пет часот.
Во останатите градови се предлага полицискиот час да биде од 16 часот до 5 часот наутро, секој ден.
Предлогот на Комисијата ќе биде доставен до Владата и Кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување.
На состаникот беа присутни членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи.