Македонија 11. ноември 2018. / 19:03

Комисијата за уставни прашања го усвои и четвртиот амандман

Комисијата за уставни прашања го усвои и четвртиот амандман

Со девет гласа „за“ и пет „против“  Комисијата за уставни прашања даде зелено свтело и за последниот нацрт амандман со кој се гарантира заштита и негување на македонскиот идентитет, како и заштита на правата и интересите на државјаните кои живеат или престојуваат во странство, но без мешање во внатрешните работи на другите земји.

Според пратемниците од ВМРО-ДПМНЕ останува опасноста од блокирање на земјава на евроинтегративниот пат, бидејќи според нив Грција никогаш нема да го признае националниот идентитет. Независната рпатеничка група на ВМРО – ДПМНЕ пак со став дека со Амандманот се потенцира обврската за заштита на историското и културното наследство на македонскиот народ, но и со порака дека власта дека треба да се обиде да постигне консензус по прашањето на промена на Уставот.

Со усвојувањето и на последниот четврти нацрт-амандмандман завршува и  работата на Комисијата за уставни прашања. Пактот амандмани сега се сели во законодавно-правната комисија, која може да зеседава најмногу 12 дена, по што амандманите ќе се најдат пред пратениците на пелнарната седнциа, веќе закажана за 1ви декември.