Македонија 22. јуни 2020. / 13:51

Комисијата и остава на Владата да одлучи за отворањето на границите

Комисијата и остава на Владата да одлучи за отворањето на границите

Можноста македонските граници да бидат отворени за влез на луѓе и без да имаат негативен ПЦР тест или карантин од 14 дена, денеска воопшто не било тема на дискусија на состанокот на Комисијата за заразни болести.

Ова тело не дало свое мислење, туку одлуката ја остава на Владата.

Прашањето не било отворено ниту за време на викендот, како што беше претходно најавено.