Македонија 29. јануари 2021. / 15:14

Комисија за заразни болести: Да не се продолжува работното време на угостителите

Комисија за заразни болести: Да не се продолжува работното време на угостителите

​Министерството за здравство информираше, дека на денешниот состанок Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот во Македонија.

Во соопштението на Министерството, стои дека препораката на Комисијата е да не се менува работното време на угостителските објекти, а работата на истите да биде и понатаму ограничена до 21 часот.

Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Во овој момент, здравствената ситуација со КОВИД-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките.

Од Министерството препорачаа граѓаните и понатаму да ги почитуваат заштитните мерки, бидејќи како што велат, даваат резултати.