Десетици граѓани на селото Мождивњак во Крива Паланка добиле покани за информативен разговор во врска со поставувањето на знаме со “Сонцето од Кутлеш” на највисокиот врв во овој регион и на други локации во селото, пишува expres.mk.
За полициските службеници кои според граѓани од Мождивњак постапуват по наредба на командирот на полициската станица, на 5 мај се случил настан кој е спротивен на законот.
Мождивњак е родно село на градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски кој стана познат по наредбата со брусилица да се избрише симболот Сонце од Кутлеш од градскиот плоштад во градот што го води.
По инцидентот со брусилицата жителите на неговото родно село во знак на протест поставија знамиња со истиот симбол и сега за тоа се гонети од полицијата која на ниво на Крива Паланка ја води близок човек на градоначалникот а поставен од Оливер Спасовски додека беше министер во МВР, пишува expres.mk.
Лани жители на Мождивњак кое важи за едно од најреволуционњрире села за време на Илинденското востание добија кривични пријави од градоначалникот на СДСМ само затоа што сами ги пополнија дупките на патот кој води до нивното село. Предходно со месеци тој одбивал да го поправи патот до неговото родно село.