Македонија 27. февруари 2020. / 15:46

Командант Шпати направи трансфер од ДУИ во Алтернатива на Гаши

Командант Шпати направи трансфер од ДУИ во Алтернатива на Гаши

Поранешниот пратеник од редовите на ДУИ, Хајрула Мисини, познат како командант Шпати, премина во редовите на Алтернатива на Африм Гаши, пишува Фокус.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, преку фејсбук информираше за овој трансфер, посочувајќи дека Мисини видел нов дух во неговата партија, па одлучил да даде свој придонес.

Инаку, на претстојните избори Гаши ќе настапи во коалиција со Алијансата за Албанците со Зијадин Села.