Колумбија ги укина визите за Македонија, соопшти македонскиот амбасадор во Бразил, надлежен за тој регион, Ивица Боцевски.
– Укинати се визите за македонските ?? граѓани и за Колумбија ??, најбрзо растечката економија на континетот, втората најбројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес. – напиша Боцевски кој најави дека и другите држави планираат да ги укинат визите за Македонија.
– Следни за списокот за укинување визи за македонските ?? граѓани се Уругвај ?? и Парагвај ??, а веќе слободно патуваме во Бразил ??, Аргентина ??, Чиле ?? и Перу ??. Безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов.