Македонија 30. ноември 2019. / 15:59

Колку пари општина Прилеп ќе му даде на братот на Сашо Орданоски?

Колку пари општина Прилеп ќе му даде на братот на Сашо Орданоски?

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ прашува колку пари општина Прилеп ќе му даде на братот на Сашо Ордановски.

Во фејсбујк објава Комисијата потсетува дека пред извесно време Фондот за иновации, како и на сите останати, така и на братот на Сашо Орданоски – Ванчо Орданоски, на сомнителен начин му додели 250.000 евра за проект, чија што компанија „Инфопројект“ веднаш беше обвинета од страна на индиска компанија со тврдење дека станува збор за плагијат.

Без да се почека да се докаже или отфрли вината за проектот „Екомонитор“, велат од комисијата, градоначалникот на општина Прилеп побрзал да го имплементира истиот тој сомнителен проект.

– Зошто, како и кој одлучил токму овој проект да се воведе како пилот-проект во општина Прилеп, одбегнувајќи ги законските тендерски процедури? Колку пари ќе ја кошта општина Прилеп имплентацијата на истиот и дали станува збор за промоција, перење и меѓусебна распределба на украдени пари, се прашања кои остануваат отворени, порачуваат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера во големата сала на Општина Прилеп беше предаден во употреба системот за мерење на загаденоста на воздухот, односно 6 мерни станици од страна на Петар Орданоски од „Екомонитор“.

– А дека не е можно да се штелуваат резултатите во мерните станици на Орданоски, веруваме исто онака како што верувавме дека не е можно да се штелуваат и добитниците на средствата од Фондот за иновации, напишаа од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.