Ниту владата, ниту министерството за здравство се ефикасни во справувањето со коронавирусот, тоа веќе го гледаат и аматери. Вонредната состојба, наместо да донесе поголема ефикасност на институциите за справување со ситуацијата беше искористена за по кратка постапка да се назначуваат судии од страна на СДСМ.
пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ
Замислете, на сред криза со вирусот од кој може да заболат и недај боже изумрат илјадници наши граѓани, некој одлучи со укази да си поставува подобни судии а до сега да не издаде ниту еден указ поврзан со кризата. Колку треба некој да е неодговорен да го прави ова?
Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, со право прокоментира дека овие укази власта ќе ги злоупотребува за да се носат закони кои се во бизнис-интерес на фамилијата Заеви. Веројатно се мисли на законот за одгледување на марихуана кој директно влијае на џебот на Заеви а не беше донесен од собранието поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ.
Веднаш штом човеков предупреди, очигледно некој тоа многу го заболе па Катерина Блажевска и Ивор Мицковски оркестрирано (веројатно нарачано од истиот телефон), почнаа да реагираат дека некој како хиена ја користел ситуацијата.
Пази богати, оној кој злоупотребува вонредна состојба за да назначува судии не им е проблем, ама проблем им е оној кој предупредува дека ќе се носат укази во бизнис интерес на Заеви. Независни и објективни новинари и политичари, нема што.
Толку ли боли вистината на Николоски, па вака ревносно да реагираат? Еве, ако не е така ќе дознаевме по тоа какви укази ќе се носеа. Ама очигледно е дека постоел план! Се гледа тоа по судиите!
Дека се е фрлено на обичен Пи-Ар и крадење, потврдува и фактот што една приватна клиника (се мисли на „Жан Митрев“), открива повеќе заболени од корона на дневна база од целиот здравствен систем кој вреди милијарди евра.
Да, да, кријат случаи, економијата ќе фрлат на колена а крив им е оној кој ги детектира злоупотребите. Не сакам воопшто да бидам адвокат на Николоски и ако по изборите стане некаков државен функционер нема да го штедам.
Николоски и не е така важен, тој е само пример, важно е оваа пракса да се напаѓа опозицијата од страна на „независните новинари“, која ме потсетува на Фон Шницлер новинарството кое владееше во земјава за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ – да не се продава како независно новинарство!